Раде Врчаковски-Врчак (
Скопје,
11 ноември 1980) е познат макеоднски пејач.
Биографија
Тој почнал да се занимава со
музика откако се вратил од
Америка каде престојувал четири години,односно во
1999 година излегува неговата прва песна,„И повторно сам“ која е прифатена од публиката.Наскоро излегува и неговиот прв албум, „Како да побегнам од се“ кој исто така е прифатен и брзо распродаден.Но наскоро Врчак се откажува од музиката сакајќи да се посвети на медицинскиот факултет.Сепак во
2001 година настапува на
Макфест со
Андријана Јаневска пеејќи ја песната „Ден по ден“ и го освојуваат 2-то место.Во
2003 повторно се појавува на Макфест но овој пат со
Роберт Билбилов. Со песната „Тајните ангели“ го освојуваат 3-тото место.Во
2006 година Врчак повторно се враќа во музичкиот свет со албумот „Во твоето срце“,песните и албумот повторно се прифатени од публиката особено од старите фанови на Врчак. Исто така во 2006 се појавува и на Макфест и победува со песната „Седмо небо“,дует со
Тамара Тодевска. Исто така во 2006 ја напиша песната „Нинанајна“ со која
Елена Ристевска не претставуваше на „
Евросонг“ во
Атина и го освои 13-тото место.Неговата слава расте,охрабрен од обожавателите тој се појавува со нови песни во текот на последните месеци од 2006 и целата 2007.Во 2007 повторно настапува на „Макфест“ со
Адријан Гаџа со кој ја испејаа песната „Недопирлива“ и освоија награда за најдобар сценски настап.Во 2008 пишува песна за „Избор за песна на Евровизија“.Песната е насловена „Во име на љубовта“,ја пее со Тамара Тодевска и Адријан Гаџа.Победуваат на изборот и одат на Евросонг,но за жал не успеаа да се пласираат во финалето.И покрај тоа тој сѐ уште е присутен на македонската сцена,има голем број фанови и ја изненадува публиката со прекрасни песни.Наскоро се очекува да излезе и неговиот трет албум.
No comments:
Post a Comment